Историјата открива: Вонземјаните се тука со години?!

Дали сме сами во Универзумот или пак има тука уште некој кој повремено нè посетува и мошне добро е запознаен со човечката раса? Ако се водиме по многу нешта кои што се провлекуваат низ историјата, несомнено е дека приказната за летечките чинии е многу повеќе од обична фикција.

10 илјади години пред н.е

Во близина на кинеско-тибетската граница, таканаречените Дропа камења го обележуваат местото за кое што многумина веруваат дека е античка локација на вонземјани. Група на истражувачи додека ги истражувале пештерите на Хималаите пронашле мали гробови во кои имало неколку необични суштества. На местото не биле пронајдени надгробни камења, туку само дискови со големина на стапало кои имаат дупка во средината. Хиероглифите ја раскажуваат приказната за Дропите кои се урнале на Земјата. Тие се обиделе да се спријателат со околните жители, но брзо потоа биле убиени и закопани бидејќи луѓето се плашеле од нив.

1300 години пред н.е.

Античките хиероглифи откриваат натприроден настан кој се случил во Египет за време на владеењето на фараонот Thutmose III. Според напишаното на небото најпрво се појавил еден огнен круг, а по неколку дена се појавиле неколку. Круговите се издигнале нагоре, се упатиле во јужна насока и исчезнале на хоризонтот.

1180-та година од н.е

Седумстотини години пред да започне да се користи терминот летачка чинија, Јапонците виделе летачки објекти и тоа во провинцијата Ки каде што се појавиле во близина на планина. Јапонската влада дури и направила официјална истрага, но на крајот излегла со објаснувањето дека станувало само за „ветер кој ги занишал ѕвездите“

1400 година

Богородица никогаш не изгледала поинтересно особено кога во позадина е насликано нешто што по логиката на нештата не би требало да е таму. На сликата „The Madonna with Saint Giovannino„ од Domenico Ghirlandaio се забележува необичен црн објект на небото кој многу наликува на летечка чинија. Дали станува збор за обична дамка или пак за доказ за НЛО останува непознато.

1710-та

Уште една слика која предизвикува полемики. Станува збор за „The Baptism of Christ" на која се прикажани Исус и Јован Крстител врз кои паѓаат зраци од диск на небото кој совршено одговара на денешната претстава за тоа како изгледаат леталата на вонземјаните.

1942-ра

Три месеци од нападот на Перл Харбор, жителите на Калифорнија постојано го мониторирале небото  обидувајќи се да забележат дали наближува некаков јапонски авион. На 24-ти февруари стотици луѓе пријавиле дека виделе неидентификуван објект над Лос Анџелес, по што сите борбени авиони се кренале во воздух, па дури и го погодиле леталото. Но, по се изгледа дека не му причиниле никаква штета, по што истото исчезнало од местото.

1947-ма

Во оваа година се случил најконтроверзниот настан од модерната историја на вонземјаните. Тоа е уривањето на неидентификуван летечки објект во Росвел, Ново Мексико. Иако никогаш не постоеја силни докази за што точно станува збор, во 2012-та еден од вработените во ЦИА откри дека леталото кое што паднало во Ново Мексико „не било од оваа планета“.

1961-ва

Бети и Барни Хил решиле да возат до Канада ни никогаш не ни претпоставиле што ќе сретнат по пат. Парот наишол на вселенско летало кое откако им се доближило се нашле на 35 милји од местото каде што првично застанале. По настанот Бети започнала да има кошмари во кои сонувала како е под набљудување на сиви суштества. Нејзиниот сопруг под хипноза ги имал истите сеќавања. Овој случај е еден од оние кои се предмет на истрага до денешен ден.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1270.- Умре францускиот крал Луј Деветти, кој во...
1530.- Роден е Иван Четврти Василевич - Грозни,...
1718.- Француските доселеници во Америка во...
1744.- Роден е германскиот писател, историчар,...