Започнува 6-от циклус на уништување на Земјата

Човечкиот род уништува сè што ќе допре и со тоа придонесува кон 6-тиот циклус на масовна деструкција на Земјата.

Според студијата на биологот од Стенфорд, Родолфо Дирзо, човекот со своето непромислено однесување досега уништил 320 типови на животни, а бројот на повеќе од 1500 видови е намален за 25 проценти. Најтрагичниот податок е тоа што додека претходните 5 масовни уништувања биле предизвикани од трансформацијата на планетата или удар од астероид, последното ќе биде предизвикано само од човечки фактор.

Според Дирзо луѓето не разбираат дека иако овие видови се само мал дел од целокупниот животински свет, намалувањето на нивниот број предизвикува поместување во глобалниот екосистем.

-Со исчезнувањето на зебрите, жирафите и слоновите од Кенија, тие делови станаа пренаселени со глодачи. Дојде до промени во почвата, започна да расте сè повеќе трева со што популацијата на глодачите двојно се зголеми. Со тоа болестите кои ги пренесуваат тие, како и некои паразити, почнаа да стануваат се поприсутни и станаа закана по човечкото здравје, објаснува Дирзо.

Студијата покажува дека во периодот кога човечката раса најмногу се развила, дошло до нарушување на екосистемите од цели 45 проценти.

Модерната цивилизација очигледно негативно делува врз преостанатиот свет, па само е прашање на време кога ќе настапи целосна деструкција на Земјата како што ја познаваме денес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...