Што ја предизвика мистериозната светлина во Тихиот Oкеан?

Пилотот и копилотот на патничкиот авион "Боинг 747", кој  патувал од Хонг Конг кон Алјаска, деновиве забележале необична портокалово- црвена светлина на површината на Тихиот Океан, јужно од полуостровот Камчатка, пренесува Daily Mail.

Иако сè уште не постои официјално објаснување за она што го виделе пилотите, научниците претпоставуваат дека станува збор за ерупција на огромен подводен вулкан.

- Колку повеќе му се доближувавме толку светлината стануваше поинтензивна и ги осветлуваше облаците и небото, со застрашувачки портокалов сјај и тоа во дел од светот каде што не би требало да има ништо друго освен вода, објаснува холандскиот пилот Ван Хајст.

Непосредно пред да ја видат светлината, тој и неговиот колега забележале нешто што наликува на молња, но временските услови не покажувале невреме.

- Веднаш ја известивме воздушната контрола за она што го видовме и сега е започната истрага околу она што се случи, додава Хајст.

Првични теории

Доминантната теорија е дека светлината е производ на вулканска активност и покрај тоа што пилотите претходно не биле предупредени за тоа. Ваквите ерупции не ретко се јавуваат во океаните. Последната беше забележана во ноември 2013-та, кога по ерупцијата на еден подводен вулкан, во близина на брегот на Јапонија, беше создаден нов остров.

Втората претпоставка е дека светлината се појавила поради светла од бродови. Минатата недела астронаутот Реид Рајзман остана збунет по појавата на бизарни зелени светла на брегот на Банкок, за кои на крајот излезе дека се светла од околните бродови. Сепак, во актуелниот случај тоа е малку веројатно бидејќи за да се направи толкава црвена светлина се потребни повеќе од 50 бродови. Освен тоа останува необјаснета и појавата на молњата. Дали воопшто станува збор за молња или пак за друг тип на зрак.

Мистеријата допрва треба да биде откриена...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...