Откриена мистеријата на пуканките

Двајца француски научници сериозно пришле на проблематиката околу тоа што се одвива под капакот, т.е. како зрно пченка станува вкусна пуканка.



Физичарите Емануел Виро и Александр Пономаренко го проучувале не само моментот на пукањето на лушпата на зрно пченка, кое како што утврдиле се случува кога температурата ќе достигне 180 степени Целзиусови, туку го анализирале и феноменот на скокањето на пуканките, како и карактеристичниот звук кој тие го испуштаат.



Целиот процес, пукањето на лушпата, скокањето и избивањето на скробот, се случува во стоти дел од секундата, наведуваат истражувачите чија студија е објавена во списанието Ројал Сошаети Интерфејс. Виро и Пономаренко детално ја следеле секоја фаза на оваа зачудувачка преобразба за да ја разберат нејзината научна основа. Користејќи ултра брзи камери, кои снимаат 2.900 кадри во секунда, тие набљудувале зрно на пченка за пуканки во текот на загревањето.

Откако температурата поминала над 100 степени Целзиусови, влагата внатре во зрното почнала да се претвора во пареа, а кога достигнала 180 степени, притисокот во зрното било околу 100 пати поголем од атмосферскиот притисок на ниво на морето. Изложено на ваков стрес, зрното пука, а скробот се шири избивајќи низ лушпата.

Научниците утврдиле дека на 170 степени Целзиусови само 34 отсто зрна од пченката пукаат, додека на 180 степени Целзиусови, дури 96 отсто се претвораат во вкусни пуканки.

- Откривме дека 180 степени Целзиусови е критична температура и тоа без оглед на големината и формата на зрното – рече Виро, истражувач од Политехничкото училиште во Париз.

Тој и Понормаренко потоа внимание посветиле на скокањето на зрната, т.е. начинот на скокањето на пуканките во загреано тенџере. Прво што забележале на штотуку отворена лушпа е појава на структура налик на нога. Откриле дека од зрната, во контакт со жешкото дно на тенџерето, нагло избива скробна нога, како да изведува шут, па го праќа зрното од неколку милиметри до неколку сантиметри во воздух.

- Така настанува мистериозниот и фасцинантниот скок на пуканките – наведуваат во својата студија истражувачите кои на крај го анализирале и карактеристичниот звук.


Откриле дека тој не е предизвика со скокањето на пуканките, бидејќи се огласува многу порано.

Научниците заклучиле дека овој звук е предизвикан со нагло, брзо испуштање на водената пареа од зрното. По пукањето на цврстата лушпа и поради намалениот притисок на внатрешноста, зрното се претвора во акустичен резонатор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...