И бубашвабите имаат карактер?!

Следниот пат кога ќе се обидете да убиете бубашваба, а таа постојано успева да ви избега сетете се дека и лебарките имаат уникатно однесување. Научниците од универзитетот од Брисел набљудувале 300 примероци на бубашваби во период од 3 месеци обидувајќи се да дознаат како се однесуваат во група, а како посебно.

-Иако бубашвабите се мошне прости организми истите можат да донесуваат комплексни решенија со малку расположливи информации и минимална интеракција, вели водачот на истражувањето, Исак Планас.

За време на експериментот на грбот од бубашвабите биле поставени мини камери кои го снимале движењето на инсектите во арена која има две кружни засолништа. Тимот ги оставил бубашвабите сами 3 часа и го набљудувал нивното однесување. Наместо сите да се скријат под засолништето, научниците забележале дека бубашвабите имаат специфично однесување.

Секоја бубашваба била тестирана три пати во истата арена и по тромесечно мониторирање било забележано дека однесувањата на бубашвабите не е под влијание само на групата, туку од личните карактеристики и преференци. Па така на крајот бубашвабите самите одлучуваат дали ќе се засолнат или пак ќе останат на светлина, за разлика од мравките и термитите кои ја следат хиерархијата на групата.




Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1483.- Големиот шпански морепловец Кристифор...
1610.- Умре Микеланџело Караваџо, италијански...
1784.- Во Париз умре Дени Дидро, француски...
1849.- Во битката кај Шегешвар, борејќи се во...