60 години мистерија: Што е Црниот витез?

Во далечните 50-ти години на минатиот век еден мајор од американската авијација откри дека е пронајден сателит од непознато потекло што кружи околу Земјата и наводно испушта неидентификувани сигнали. НАСА во неколку прилики направила анализа на таканаречениот Црн витез кој тежи околу 10 тона и се претпоставува дека е остаток од вселенски отпад.

Во 1963-та астронаутот Гордон Купер забележал како светлечки зелен објект кружи околу нашата планета и се доближува до неговата капсула. Инцидентот е пријавен во НАСА каде е установено дека станува збор за Црниот витез, но на астронаутот му е за строго забрането да дава било какви изјави за случувањето.

Според некои теории на заговор станува збор за вселенско летало кое и понатаму кружи околу Земјата, но астронаутите не смеат да зборуваат за него.

Во прилог следат интересни информации за Црниот витез кои дефинитивно ќе ви го привлечат вниманието:

  • Според многу мониторинг агенции Црниот витез трансмитира радио сигнали повеќе од 50 години
  • Како САД така и Советскиот сојуз своевремено покажале голем интерес за сателитот
  • Постојат гласини дека Никола Тесла бил првиот човек кој во 1899 ги идентификувал сигналите од Вселената откако создал радио направа која работи на висока фреквенција.
  • Во 1957-ма година доктор Луис Коралос од министерството за комуникации од Венецуела го фотографирал сателитот додека правел слики од Спутник II
  • Првиот сателит кој што орбитира во поларната орбита е лансиран во 1960-та, додека информацијата за Црниот витез се појавува неколку години порано, кога ниту една од најголемите светски сили немала лансирано сателити во Вселената.
  • Поларните орбити најчесто се користат за мапирање на Земјата, набљудување и собирање на податоци што значи дека Црниот витез може да се смести во категоријата на сателити чија намена е да набљудуваат.
  • Познатата Grumman корпорација за летала формирала комисија која треба да ги анализира податоците добиени од сателитот, но ниту еден заклучок од истата не е јавно објавен.
  • Според некои неофицијални информации декодираните сигнали откриваат дека сателитот потекнува од Epsilon Bootes ѕвездениот систем и е стар 13 илјади години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...