Откритие кое го чекавме илјадници години

Конечно: Наса откри нова и поголема Земја!

Откриена е нова планета многу слична на Земјата. Ова откритие НАСА официјално го потврди за медиумите на вчерашната пресконференција.



Телескопот Кеплер е лансиран во март 2009-та година, а до сега има откриено 1000 планети, но ниту една од нив не е интересна за нас како оваа!

- Денес, после илјадници откритија, астрономите се на прагот да пронајдат нешто за што луѓето сонуваа со векови – втора Земја, напишаа од НАСА како најава за конференцијата.

На конференцијата на јавноста и се обрати поранешниот астронаут и соработник во Управата на научни мисии на НАСА, Џон Грунсфелд, потоа Ејмс Џон Џенкис, кој ги анализира податоците испратени од супер-телескопот Кеплер, научникот на институтот SETI Џеф Колин, како и професорот по астрофизика на Униврзитетот Кембриџ, Дидиер Келоз.



- Ова откритие ја погодува сржта на она што ние во НАСА го работиме. Дали сме сами во Вселената? Денес ќе направиме мал чекор во одговарање на тоа прашање. Задачата на телескопот Кеплер откри планета на која постои вода, што значи дека истата претставува зона на која што може да се насели живот. Денес го објавуваме пронаоѓањето на планетата која е многу блиска роднина на Земјата. Досега најблиска. Тоа е Земја 2.0 , изјави Џон Грунсфелд.

„Новата Земја“ е наречена Кеплер 452B и е стара 6 милијарди години и е оддалечена 1400 светлосни години од нас. Истата е 1,5 пати поголема од Земјата и се претпоставува дека има карпеста површина. Научниците откриваат дека новата Земја е идеално оддалечена од нејзините ѕвезди, што е дополнителен услов за на неа да може да се насели живот. Големината на нејзината орбита е слична на Земјата, а исто така и нејзиниот сончев систем е многу сличен на нашиот. Кеплер 452B прима 10% повеќе енергија од своите ѕвезди отколку што добива Земјата од Сонцето.



- Кеплер 452B поминал милијарди години во населива зона на своите ѕвезди, што значи дека на својата површина може да одржува живот, или можел во некој период од неговата историја. Годината на Кеплер 452B има иста должина како онаа на Земјата и трае 385 дена. Планетите слични на Кеплер 452B се чести во таа галаксија, додава Џон Јенкинс.

Дали можеме да отпатуваме на Кеплер 452B?

- Ова е прв чекор на човештвото, вие и јас можеби нема да отпатуваме на таа планета, но нашите деца и внуци сигурно ќе можат. Тој факт ни дава нешто кон кое можеме да се стремиме. Генерацијата после нас може да стигне таму, вели Џеф Колин.



Постојат ли докази за живот на таа планета?

- Не, не постојат. Задачата на телескопот Кеплер е да создаде слика за планетата, тој не би можел толку темелно да ја прегледува истата. За тоа е потребна понапредна технологија и инструменти кои веројатно би морале да бидат во орбитата. Она што Кеплер ни го отрива е дека постојат и други светови, а ние потоа можеме да бараме биолошки траги и знаци на живот со други орудија, открива Џенкис.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...