Нашата вселена полека умира

Меѓународен тим од околу 100 научници користел податоци добиени благодарение на најмоќните телескопи во светот, со цел да ја проучуваат енергијата која ја емитуваат над 200.000 галаксии во видливиот дел од светот. На основа на овие проучувања, потврдено е дека космосот емитува само половина енергија во однос на периодот од пред 2 милијарди години.

Тимот открил дека енергијата е послаба во сите бранови должини на светлината – од ултравиолетова до инфрацрвена.



„Мрачно, ладно место“

Вселената постои барем 13.8 милијарди години, а полека влегува во завршната фаза на постоењето.

- Вселената, во суштина седи на кревет, покриена со ќебе и се подготвува засекогаш да потоне во сон, вели астронаутот Сајмон Драјвер, кој е предводник на тимот.

Смртта не значи дека вселената ќе ја снема, таа се уште ќе биде тука, но ѕвездите и останатите извори на светлина и енергија полека ќе згаснуваат.

- Полека ќе старее и по малку се повеќе и повеќе ќе ја менува масата во енергија и по многу години ќе биде ладно и мрачно место без ниеден извор на светлина, објаснува астрономот Лук Дејвис.

Сепак, се уште не е време да почнеме да ја оплакуваме, со оглед на тоа дека и сите случувања во вселената бараат многу време, па така и смртта – се работи за многу долги години.

Некогаш „пукала“ од енергија



Ако би можеле да патуваме низ времето наназад сè до раѓањето на вселената ќе видиме дека вселената настанала преку излив на енергија од големата експлозија во бесконечно мал дел од секундата. Секоја енергија која постои денес е од тој момент, сметаат астронаутите. Од таа експлозија, вселената создавала и други извори на зрачење – во главно ѕвезди – менувајќи еден дел од масата во енергија, благодарение на екстремната гравитација која материјата може да ја претвори во нуклеарна фузија.

Сепак, вселената има разни облици на гас, супернови и дискови на врели материи кои кружат околу црни дупки и стануваат посјајни од сите галаксии. Бројот и изворот на тие зрачења може толку да го измачи умот на „обичните смртници“ што е уште потешко да се замисли нивното гасење.

Тимот на Драјвер ја набљудувал енергијата низ седум светски телескопи во Австралија, САД, Чиле и Земјината орбита. Многу инструменти се специјализирани за одредени бранови должини на светлината и други електромагнетни бранови. Нивните откритија се многу поголеми од GAMA (Здружение за галаксија и маса), која го проучува создавањето на галаксијата. Благодарение на нив, до сега се обележани позициите на околу четири милиони галаксии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...