Јупитер исфрли мистериозна планета надвор од Сончевиот систем

Научниците одамна сметаат дека во Сончевиот систем некогаш постоела уште една планета, слична на Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун.



Според досегашните претпоставки, нешто многу важно се случило во нашиот систем пред четири милијарди години, што довело до создавање на мистериозна планета. Сега, тим на астрофизичари од Торонто се трудат да ја откријат првата вистина. Според новото истражување, древната планета се судрила со Јупитер и е исфрлена од Сончевиот систем.

- Тоа е во склад со нашите претпоставки дека само големите планети може да исфрлат други небески тела од системот. Иако нашите резултати не се изненадувачки, бев многу возбуден, изјави Рајан Клутиј, докторант на Универзитетот во Торонто и предводник на истражувањето.



Истражувачите направиле компјутерска симулација со четири џиновски планети од нашиот систем. Преку процес на елиминација, истражувачите мереле дали една од месечините во Сончевиот систем би можела да ја следи орбитата, ако неговата планета е одговорна за исфрлување на друго тело од нашиот систем. Откриле дека единствено Јупитер, најголемата планета во Сончевиот систем, е способна да исфрле друга планета, а при тоа месечините на Јупитер да продолжат да се движат по орбитите. На пример, ако Сатурн била одговорна за исфрлување, сударот на тие две планети би бил толку силен што сателитот Јапет би се исфрлил од својата орбита.

Инаку, во август, друг тим на истражувачи, откри дека мистериозната ледена планета најверојатно имала „поблаг“ удар со Нептун, пред да биде исфрлена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...