Постои 9-та планета во Сончевиот систем?!

Двајца научници од Калифорнискиот институт за технологија тврдат дека откриле нова планета во Сончевиот систем.

Се верува дека 9-тата планета е со големина колку Нептун и и се потребни од 10 до 20 илјади години за да се заврти околу Сонцето.



Научниците Константин Батигин и Мајк Браун ја откриле планетата преку математички модел и компјутерска симулација во текот на проучувањето на движењето на небеските тела зад орбитата на Нептун. Веруваат дека 9-та планета ќе може да се види со помош на телескоп во рок од 5 години со што и ќе се потврди нејзиното постоење.

-Можевме да молчиме за ова и во тишина да ги поминеме следните 5 години истражувајќи го небото и надевајќи се дека ќе ја пронајдеме. Но, повеќе би сакал некој да ја најде порано, отколку јас да ја најдам подоцна. Сакам да ја видам. Сакам да видам како изгледа. Сакам да сфатам каде е лоцирана и затоа мислам дека ова ќе помогне, вели Браун.

-Долго време се зборуваше за постоење на уште една планета во нашиот систем. Но, ова е прв пат по 150 години кога можеме да кажеме дека имаме уверливи докази дека пописот на нашиот Сончев систем е непотполн.


Научниците го забележале постоењето на 9-тата планета откако идентификувале необично групирање на претходно познати небески тела зад Нептун. Тие велат дека има 0.007 % шанса ваквото групирање да е резултат на коинциденција. Наместо тоа веруваат дека планета со големина на 10 Земји ги сместила овие 6 тела во нивите чудни елиптични орбити.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...