Теории за крајот на универзумот

Една од темите за која често дискутираат научниците е како точно настанал универзумот, а еве неколку популарни теории за како тој може да заврши

The Big Crunch



Спротивност на теоријата за Big Bang, со што започнала експанзијата на универзумот. Се претпоставува дека е можно неговата густина да ја запре експанзијата и тој да почне да се повлекува во себе. Ова би ги збришало сите галаксии, ѕвезди, црни дупки и сл, со што би се создала бесконечно густа сингуларност (каде што просторот и времето би биле бесконечно дисторзирани од гравитациските сили).

The Big Bounce



Слично како и кај Big Crunch, универзумот ќе почне да се повлекува сам во себе, во една точка. Меѓутоа, бидејќи сингуларностите се противат на вториот закон на термодинамиката (кој што би го спречил универзумот да биде ограничен од нив), ќе се добие нов Big Bang со што универзумот буквално ќе се „рециклира“. И така во круг, бесконечно.

The Big Rip



Во оваа теорија, силата наречена „мрачна енергија“ предизвикува забрзување на експанзијата на универзумот. Тоа забрзување трае се додека материјата повеќе не може да се „држи“ заедно и нејзините атоми се распарчуваат. Според некои проценки, ова би можело да се случи за некои 16 до 22 билиони години.

The Big Freeze / Heat Death / The Big Chill



Како што универзумот се шири и објектите се оддалечуваат едни од други, така и топлината се дисперзира низ просторот. Со тек на времето ѕвездите ќе згаснуваат и нема да има доволно енергија преостанато за да се создаваат нови. Целиот универзум буквално ќе се „олади“ – материјата сè уште ќе постои, но во облик на честички кои нема ни да имаат енергија воопшто да се движат. Целиот универзум ќе стане бескрајно црна празнина.

The Big Slurp



Според оваа теорија универзумот постои во нестабилна состојба, и може да дојде до процес наречен vacuum metastability event. Доколку тоа се случи, ќе се појави меур (или алтернативен универзум) кој ќе се шири во сите правци со брзина на светлината, и ќе уништи сè што ќе му се најде на пат. Универзумот сè уште ќе постои, но во облик што нашето сегашно разбирање на физиката нема да може да го сфати/објасни.

Мultiuniverse



Во ова сценарио, нашиот универзум е само еден од многуте. Дел од нив ќе ги снема (со некои од претходно наведените методи), дел ќе се родат преку Big Bang. Ништо од тоа нема да биде важно, бидејќи „мултиуниверзумот“ кој ќе се состои од сите овие ќе егзистира бесконечно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...