Несакани последици од 340 дена во вселената

Враќањето на Земјата по поминати 340 дена во вселената може да е трауматско искуство. Дури и астронаутот на НАСА Скот Кели, кој минатата недела се врати дома, има тешки периоди додека да се навикне на овдешниот живот откако речиси цела година помина во бестежинскиот простор во Меѓународната вселенска станица.



- Навикнувањето на веселената е полесно за мене отколку на Земјата. Постојано има количина на болка и замор. Кога се вратив овој пат од капсулата, се почувствував подобро од претходниот пат, но во некој момент тие искуства се споија и сега сум поизморен, изјави Скот на прес-конференцијата.

Освен проблемите со кожата и мускулите, Скот се пошегува дека е малку полош во постигнувањето кошови кога е сега на Земјата.



- Прво нешто што пробав да фрлам е баскет, ама ниту една топка не ставив во кошот.

Кога астронаутите се враќаат од вселената, имаат проблеми со гравитацијата, па често испуштаат работи од раце. Во вселената се губи осетот за тежина на работите.

Тој сподели и дека пораснал за 3см во вселената, но откако слетал се вратил на старата висина. Од НАСА објаснуваат дека тоа е нормална појава, физичка последица од летањето во вселената. Рбетниот столб се истегнува во безтежинскиот простор, но откако ќе слета на земјата, висината се враќа на нормалната.



Научниците се надеваат дека ќе откријат многу повеќе работи за тоа како се сменило телото на Скот. Додека се уште беше во вселената, НАСА побара од него да си вади крв на неколку наврати со цел да видат дали има некои промени. Неговиот брат близнак, поранешен астронаут, Марк исто така учествуваше во овие експерименти.

Повеќето примери на Скот се се уште во вселената, но ќе пристигнат на Земјата во мај, а до тогаш научниците нема да имаат целосен извештај. Експериментите извршени од Кели и неговиот колега помладиот руски космонаут Михаил Корниенко, беа извршени со цел да го следат здравјето на очите, текот на течностите во телото, генетиката, психологијата и други физички и емотивни показатели.



Најверојатно ќе биде потребно една година за да се соберат и проучат сите примери од Скот и Марк. Истражувачите продолжуваат со тестирање на близнаците, но и со тоа како тие се снаоѓаат на животот на Земјата. Овие истражувања се прават со цел научниците да откријат со што може да се соочат астронаутите ако се наоѓаат подолго време на Марс. Тоа патување, може да се случи за една до две години.

Кога астронаутите ќе пристигнат на Црвената планета по долго патување во безтежински простор, нема да имаат никој на другата планета за да им помогне да излезат од капсулите. Тие истражувачи на Марс ќе бидат оставени сами на себе. Според Скот, тој мисли дека најверојатно ќе може самиот да излезе од капсулата и да го истражува Марс, со оглед на тоа како слета во Казахстан.

- Марс има помала гравитација, што е од помош, додаде Скот.



Откако тој и Михаил пристигнаа на Земјата, ги земаа во медицински шатори, каде што им правеа неколку испитувања. Астронаутите ги тестираа за агилност и координација со цел да видат колку добро отскокнуваат откако поминале во микрогравитацијата 340 дена. Скот поминал мошне добро, што може да значи дека е солиден кандидат за да биде еден од астронаутите кои ќе тргнат кон Црвената планета.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...