Dox – ѕвезда создадена од 99,9% кислород

Ѕвездите од типот бели џуџиња (White dwarfs) се во последната фаза од нивниот развој – веднаш по нивната најактивна фаза кога најмногу се рашируваат. Тие се всушност она што е преостанато од една ѕвезда кога целосно ќе го потроши своето нуклеарно гориво. Екстремно густи и врели, овие ѕвезди се создадени од најлесните елементи, обично хелиум и водород. Но, според најновото откритие, очигледно не сите бели џуџиња се такви.



Бразилски астрономи од Apache Point Observatory откриле бело џуџе ѕвезда која се наоѓа на 1200 светлосни години од нас и чија атмосфера е создадена од 99,9% чист кислород, а ја нарекле Dox (се изговара Ди-Окс).

Карактеристиките на Dox пркосат на повеќето научни сознанија за ѕвездената еволуција и формирањето на белите џуџиња, бидејќи тие, според сите досегашни калкулации, би требало да се барем дупло поголеми од Dox доколку имаат и само малку кислород во атмосферата.

Една од популарните теории за настанокот на Dox e дека таа е продукт на бинарна еволуција: дека имало уште една ѕвезда во истиот систем, која и ја „одземала“ површината на Dox, оставајќи ги експонирани тешките материјали кои се наоѓале под неа.

Доколку една ваква ѕвезда би се наоѓала во близина на планета каде што има живот, нејзините жители најверојатно би можеле да го дишат тој нејзин кислород – додека симултано се пржат од интензивната радијација или се смачкуваат до дебелина од еден атом поради нејзината колосална гравитација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...