55 Cancri e – далечна „супер-Земја“ со супер-температура

Користејќи го инфрацрвениот Spitzer Space Telescope на NASA, астрономите откриле нова егзопланета со состав сличен на оној на земјата, но далеку поголема и поврела.



Наречена „55 Cancri e”, оваа „супер-Земја“ се наоѓа во систем оддалечен 40 светлосни години од нас. Таа е дупло поголема од Земјата и има 8 пати поголема маса, а околу матичната ѕвезда орбитира секои 18 часа и, како и нашата Месечина, спрема неа е цело време свртена само со едната страна.

Според термичката мапа која била изработена со помош на телескопот, се испоставило дека оваа планета има две „лица“ – едно студено и едно топло. Страната која не е свртена спрема ѕвездата (студената) е со температура од 1100 Целзиусови степени, што е потопло од точката на топење на многу метали, додека „сончевата“ страна е со температура од 2500 Целзиусови степени. Колку за споредба, Венера, која е најтоплата планета во нашиот сончев систем, има температура на површината од 462 Целзиусови степени.

Астрономите сметаат дека „сончевата“ страна е всушност огромен океан од стопена магма, додека темната е создадена од оладена, цврста лава. Интересен факт е што топлината од едната страна не преминува на другата, најверојатно поради тоа што атмосферата на потоплата страна е буквално „испржена“. Според анализите на атмосферата (каде што ја има), таа се состои претежно од водород и хелиум, исполнета и со водороден цијанид.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...