Соработка помеѓу SpaceX и NASA

SpaceX компанијата за ракетни и вселенски летала на Elon Musk потпиша договор со NASA, која ќе ја поддржува во спремањето и извршувањето на најавената беспилотна мисија кон Марс во 2018-та.



Мисијата на SpaceX е наречена Red Dragon Mars и со неа ќе се тестираат сите важни системи кои ќе бидат потребни за да успешно функционира некоја идна мисија со екипаж. Elon Musk нема споделено повеќе детали околу сето ова, но тие се очекуваат во септември за време на одржувањето на Global Space Conference во Мексико.

Со постигнатиот договор, SpaceX ќе може да ја користи Deep Space Network на NASA за комуникација и водење на леталото, чиј курс ќе го водат експерти за меѓупланетарна навигација од Jet Propulsion лабораторијата на NASA. Покрај тоа, NASA ќе им помага на SpaceX и да ја одредат најдобрата локација за слетување на леталото, да го водат и да ја анализираат неговата состојба при навлегувањето на планетата, како и да вршат проценки на различни системи во него.

За возврат, NASA ќе има пристап до сите податоци добиени од разните мерења, како и до технологијата која ќе се користи при влегувањето во атмосферата на Марс, поточно суперсоничниот ретро-погон, кој се смета за една од двете најважни технологии кои ќе се користат за мисија на Марс со екипаж (втората е онаа за прецизно слетување)

Доколку сè помине во најдобар ред, нареден чекор ќе биде испраќање на луѓе на црвената планета.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...