5000 минироботи за мапирање на Вселената

„Армија“ од 5000 малечки роботи, под водство на научниците од Lawrence Berkeley National Laboratory, ќе имаат задача да ја набљудуваат вселената 11 билиони години назад во времето, и истата да ја мапираат.



Овие цилиндрични роботи со должина од 25cm и ширина колку еден прст, ќе ги имаат вперено своите фибер-оптички кабли кон светлината на околу 35 милиони галаксии, со цел да изработат огромна 3D мапа на небото.

Оваа мапа треба да помогне за подетално осознавање на карактеристиките на галаксиите, ѕвездите и квазарите настанати во првите 400.000 години по Big Bang-от и што е најважно, колку бргу тие се движат подалеку од нас. Сите овие податоци ќе им дадат на научниците нов увид во еволуцијата на галаксиите, темната материја, како и на природата на темната енергија која е двигател на забрзаната експанзија на универзумот.



Проектот е наречен DESI (Dark Energy Spectroscopic Instrument), и неговата инсталација ќе започне наредната година во 4 метарскиот телескоп во Kitt Peak National Observatory, а ќе почне да се употребува во јануари 2019-та.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...