Подморница на NASA за океаните на Титан

Иако е месечина на Сатурн, неговиот природен сателит Титан има многу блиски својства со планетите, па дури и сличности со Земјата како што се постоење на облаци и густа атмосфера.

Бидејќи температурата на површината е прениска за да на неа постои вода во течна состојба, Титан има океани од течен метан за кои научниците сметаат дека е можно да содржат некој вид на живот.



Според NASA, метанот комплетно би бил уништен од сончевата светлина после десетици милиони години. Бидејќи на земјата метанот се обновува преку метаболизмот на живите организми, научниците моментално немаат објаснување што го обновува метанот на Титан, а претпоставуваат дека за тоа би можеле да бидат (или биле) одговорни одредени организми од Титан-овата атмосфера.

За да ја реши оваа мистерија, NASA дизајнира беспилотна подморница која еден ден би требала да заплови во најголемиот океан на Титан, наречен Kraken Mare. Таа би била комплетно автономна, и би ги истражувала океанографските феномени на Титан.



Според направените симулации, најрано кога оваа подморница би можела да пристигне на Титан е 2038-ма година, бидејќи тогаш трасите помеѓу Земјата, Сатурн и Титан би биле најповолни за остварување на мисијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...