Вселенски подморници за идни истражувања

Земјата не е единствената планета со вода во нашиот Сончев Систем– во далечното минато, Марс изобилувал со солени мориња, а има показатели и за океани кои постоеле на Венера.

Сега сето тоа го нема, меѓутоа надвор од нашиот Сончев Систем лежат неброени океански светови кои чекаат да се истражат, а NASA веќе размислува за тоа какви машини би се користеле во длабочините на овие океани.

Првите вселенски подморници би биле испратени во нашиот систем, поточно на некои од трите цели: Европа - сателитот на Јупитер, Енцелад и Титан – и обата сателити на Сатурн.

За Европа се претпоставува дека под кората има течен солен океан, настанат како последица од огромната гравитација на Јупитер, a можноста за хидротермална активност може да значи извор на хемиска енергија за потенцијален живот.

Eнцелад, пак, секој час во вселената испушта по 1000 тони вода од неговите гејзери, и се смета за едно од највозможните места за создавање на живеалишта (по Земјата) во Сончевиот Систем.

Титан, најголемата месечина на Сатурн, има езера и мориња од течен метан, од кои најголемото е со големина на Каспиското Езеро – сите овие се многу поразлични од оние нашите и можат да содржат комплетно нова биохемија, сосема непозната во споредба со онаа на Земјата.

Нуклеарната подморницата која NASA планира да ја испрати на Tитан треба да биде лансирана (со помош на воен X-37 вселенски авион и Atlas V ракета) околу 2040-та год и ќе и бидат потребни 7 години за да стигне до Сатурновиот систем.

Штом дојде до Tитан, X-37 заедно со неа ќе навлезе во неговата атмосфера и ќе ја испушти во водите, од каде што ќе врши разни истражувања, фотографирање, собирање на примероци и нивно анализирање. Нејзината брзина ќе изнесува еден километар на час, а ќе може да генерира 25MB податоци дневно.

На Европа и Енцелад би се испратиле неколку различни машинерии:

Cryobot е уред кој би го пробивал ледот така што ќе го топи, дозволувајќи и на гравитацијата да го влече роботот надолу. Откога ќе ја постигне посакуваната длабочина, би ослободил подморница која преку звучни бранови ќе комуницира со леталото на површината, кое тие информации ќе ги препраќа кон Земјата.



Objective Europa е концепт сличен на Cryobot, но многу поголем и со човечки екипаж и тешко дека би се остварил пред 2050-та год.

Како трет уред би се користел мекиот роботски ровер со форма и карактеристики на лигња – со помош на пипките тој би се движел низ течните површини, а би се напојувал од локалните магнетски полиња и водородните и кислородни гасови кои би ги произведувал преку електролиза, кои водено и би му овозможувале да ја менува формата и големината со цел да се движи и манипулира со околината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...