Ударите од астероиди помагаат при развивање на живот

Интернационален тим научници кои во текот на изминатава година вршеле истражувања на Chicxulub кратерот, создаден од удар на астероидот за кој што се смета дека е причина за истребувањето на диносаурусите и 75% од животот на планетата, дошле до сознанија дека ударите од ваков тип може да помогнат при развивањето на живот.

Тие земале примероци од него со цел да одредат како ударот ја променил геологијата во тој регион и откриле дека околните карпи биле далеку по порозни и помалку густи отколку што претходните негови модели сугерирале. Оваа порозност би обезбедила животна средина во кои едноставни организми би можеле да опстојат, а со адекватни количини на вода и хранливи материи, и да еволуираат.

Како резултат на ова, било заклучено дека некој сличен удар кој се случил претходно можел да биде одговорен за настанокот на животот на земјата.

Примероците биле земени од еден од прстените на кратерот, со дупчење на 506 до 1335m длабочина, а во процесот, научниците исто така го потврдиле постоечкиот модел за тоа како прстените на кратерот биле формирани.

Во случајот на Chicxulub, астероидот удрил во Земјата со таква силина да ги избуткал карпите кои се наоѓале на 10km под површината на планетата уште подлабоко кон нејзиното јадро, и према нанадвор. Потоа, овие карпи привремено се поместиле навнатре кон местото на ударот, пред повторно да се срушат надолу и нанадвор за да го креираат главниот прстен.

Сето ова се случило за само неколку минути, и резултирало со поместување на карпите за 30km за тоа време.

Научниците се надеваат дека понатамошните анализи ќе овозможат поголем увид во тоа како животот може да постои во таквите подземни средини, како и да утврдат дали удари со слична силина играле улога во создавање на раниот живот на планетата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...