Нова теорија за црните дупки

Научниците веруваат дека во средината на црната дупка се наоѓа еднодимензионална точка која содржи огромна маса, и покрај бесконечно малиот простор.

Во оваа точка, густината на материјата станува бесконечна, целата ткаенина на време-просторот се распаѓа, физичките закони повеќе не важат – буквално, сè се претвора во хаос и ништо веќе не нема смисол. Оваа теоретска точка на лудило се нарекува гравитациска сингуларност.

Како и сè останато во врска со црните дупки и оваа е извор на бесконечна дебата. Една од теориите е дека доколку, на некој начин, човек заврши во црна дупка, ќе биде бесконечно растегнуван и гмечен во сите правци, поточно ќе му се случи процесот наречен „шпагетификација“.

Сега, тим истражувачи од Институтот за корпускуларна физика од Валенцискиот Универзитет, пробува да ја гледа оваа гравитациска сингуларност во една сосема друга светлина.

Тие предлагаат дека можеби сингуларноста претставува имперфекција во геометриската структура на време-просторот, која според нив изгледа слично како структурите на кристалите или графинот, и дека таквата аномалија побарува нови геометриски елементи со цел да може да ги опише.

Според оваа теорија, во центарот на црната дупка би се наоѓала еден вид на “задна врата“, низ која времето и просторот би продолжиле. Овој модел би го овозможил и процесот на шпагетификација, и на хипотетичкиот патник би му овозможило да помине низ „вратата“ по што би се вратил во нормалната, пред шпагетификациска големина.

„Задната врата“ би дала одговор и на „информацискиот парадокс“, бидејќи ништо не се губи зад неа, туку само излегува од другиот крај



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...