Сателит направен од африкански тинејџери наскоро во Вселената

Британи Бул(17) и Сезам М`нгегисва (16) се дел од групата средношколци од Кејптаун, Јужна Африка, кои планираат да лансираат сателит кој ќе ги скенира пејзажите на Африка.

Сателитот треба да биде лансиран во мај наредната година, и ќе орбитира околу Земјата собирајќи информации во врска со африканската агрикултура и сигурноста на храната на континентот. Девојките, користејќи ги информациите кои ќе бидат испратени од сателитот, ќе пробаат да ги одредат и предвидат проблемите со кои Африка ќе се соочува на овие полиња во иднината. Тие планираат и да засадат дрвја и вегетација во реоните идеални за тоа, и да ги надгледуваат поплавите, сушите, и шумските пожари.

Тимот има помош од MEDO (организација за економски развој), како и од Морхед Универитетот од САД, а успешното лансирање ќе значи дека MEDO ќе биде првата приватна африканска компанија која ќе изгради и ќе управува со еден сателит.

Напредокот во полето на воздушниот инженеринг има овозможено на приватни групи да изградат и управуваат со возила и објекти кои функционираат во вселената – од која најпозната е SpaceX. Како и студентите од Африка, филипински инженери исто лансирале сопствен сателит опремен со сензори за набљудување на метеоролошки настани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...