Германска мисија за истражување на Месечината

Германски научници сакаат да испратат две мобилни сонди на Месечината, кои ќе можат да го испитаат лунарниот ровер оставен од Apollo 17 мисијата во 1972-ра.

Покрај тестирањето на новите технологии и истражување на месечевата површина, мисијата може конечно да ги запре теориите на заговор околу наводното лажирање на слетувањето на Месечината, така што ќе ја фотографира опремата која астронаутите ја имаат оставено таму пред повеќе од 40 години.

Истражувачите кои стојат зад оваа идеја (тимот PT Scientists) се во партнерство со германскиот производител на автомобили Audi за да учествуваат во натпреварот Google Lunar X Prize. Добитникот на овој натпревар добива 30 милиони долари, и ќе биде првата приватна група што ќе слета автономно возило на Месечината кое ќе биде способно да патува барем 500 метри, и да испраќа фотографии на Земјата.

За да стигнат на Месечината, тимот веќе потпишал договор со компанијата Spaceflight Industries која треба да им обезбеди превоз пред крајот на 2017 – најверојатно на ракетата SpaceX Falcon 9.

Во почетокот, PT Scientists тимот се состоел од инженери кои работеле доброволно во слободното време, но сега компанијата има 12 вработени со полно работно време, поради сериозноста на нивните амбиции.

За да ја остварат целта, тие развиваат неколку клучни технологии – ALINA модул кој треба да слета на Месечината (автономен модул за слетување и навигација), и два Audi Lunar Quattro ровери кои ќе го вршат истражувањето на површината.

Роверите ќе имаат погон на сите тркала, соларни панели, батерии кои ќе можат да се полнат, и камери со висока резолуција. На нив ќе има и билки со цел да се истражи нивното растење во лунарната средина.

Секој ќе може да резервира простор за товар за оваа мисија, со тоа што секој килограм тежина ќе се наплаќа $800 000.

Доколку мисијата се оствари и успее, роверите на PT Scientists ќе можат да се доближат најмногу на 200 метри од местото каде што се наоѓа Apollo Lunar Roving Vehicle, бидејќи NASA сака да го зачува овој историски реон од Месечината за да можат и идните генерации да го видат.

Астронаути не биле назад на Месечината од 1972-ра и Apollo 17 мисијата, поради кратење на буџетот на NASA и промената на приоритетите кон Интернационалната вселенска станица и истражувањето на Марс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...