Ново моќно оружје на САД

Агенцијата за противракетна одбрана на Пентагон е во раните фази на креирање на нов “робустен систем за ракетна одбрана“ кој би можел да лансира повеќе проектили истовремено со кои би се уништиле неколку различни цели.

MOKV (Multi-Object Kill Vehicle/Возило за повеќекратно убивање) ќе биде дизајнирано со голем број на сензори, начини за управување, погонски систем и комуникациска опрема која ќе му овозможува да се насочи кон индивидуални цели и да ги уништи со чиста кинетичка енергија.

Местото на ударот ќе биде во вселената, надвор од земјината атмосфера, а резултирачкиот отпад ќе се уништи при неговото согорување при навлегување во атмосферата.

Намената на MOKV ќе биде да се користи како дефанзивно оружје кое стратешки ќе може да дестабилизира ракетен напад со тоа што ќе лансира повеќе објекти кои во себе ќе содржат мамки и боеви глави кои би ги пресретнувале и уништувале непријателските ракети пред воопшто да стигнат до САД.

Во 2015-та, агенцијата вклучила договор со компаниите Raytheon, Lockheed Martin, и Boeing, за дизајнирање на овој систем.

Најголема техничка пречка која се претпоставува дека ќе ја има системот ќе биде неговата способност прецизно да идентификува бомби и мамки - на пример, како ќе препознае потенцијална закана доколку хидрогенска бомба се пренесува кон атмосферата во балон?

Првиот прототип кој ќе служи како доказ за функционирање на концептот е закажан за доцна во 2017-та, заедно со тестови со летечки објекти (без нивно пресретнување) во 2018. Доколку овие први тестови се покажат успешни, до 2019 ќе се направат уште неколку, но со пресретнување на летачки закани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...