Нов чип што ќе помогне во истражувањето на вонземските светови

Додека светлината ни помага подобро да ги гледаме работите тука на Земјата, таа всушност претставува предизвик за астрономите чиј видик кон небесните тела е попречен од позадинската светлина на блиските ѕвезди.

Сега, научници од Националниот Австралиски Универзитет нашле начин да го решат овој проблем.

Тие креирале нов оптички чип наменет за вградување во телескопи способен да ја негира светлината од ѕвездата најблиска до планетата која што се набљудува. Чипот функционира на сличен начин како што функционираат слушалките кои поништуваат шум – според професорот Стив Маден, чипот има вградено интерферометар кој додава светлина која е еднаква, но со спротивна бранова должина, од онаа на најблиското сонце, што овозможува на научниците да ги набљудуваат дури и слабо осветлените планети кои во спротивно не би ги ни забележиле.

Досега, астрономите предвидувале кои планети би можеле да содржат живот според нивната оддалеченост од ѕвездата околу која што орбитирале. Меѓутоа, таа локација е само една варијабла во однос на тоа, а постоењето на радиоактивни зрачења од ѕвездата е уште една која може да влијае на можноста на живот на планетата.

Со новиот оптички чип би можело да се одреди дали планетата која се набљудува е заштитена од овие зрачења со озон (што и ги зголемува шансите за развивање на живот), бидејќи чипот е способен да го детектира.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...