Можен вонземски живот во облаците на кафените џуџиња

Доколку еден ден навистина пронајдеме вонземски живот, тогаш е потребно да знаеме каде точно да бараме, а научниците идентификувале уште едно потенцијално место каде што таков вид на живот би можеле да опстојува.

Новото потенцијално „живеалиште“ е горниот дел од атмосферата на студените „кафени џуџиња“ – масивни објекти со големина помеѓу планета и ѕвезда, но без доволно маса за во нив да започне нуклеарна реакција.

Според пресметките на истражувачите од Универзитетот во Единбург, притисоците и температурите во горните делови од атмосферата на кафените џуџиња, би можеле да се многу слични до оние на земјата – а во такви услови би можеле да растат одредени видови на микроби.

Ваквите кафени џуџиња се направени исклучиво од вители гас, а објектот кој тимот од универзитетот го истражувал е наречен WISE 0855-0714. Тој бил откриен во март 2013 и е лоциран на околу 7 светлосни години од Земјата.

Тимот користел пресметки развиени од астрономот Карл Саган, кои оригинално биле наменети за пресметување на можноста за живот на Јупитер, и биле адаптирани да се вклопат во она што го знаеме за гасовитите џинови како WISE 0855-0714

Саган замислувал дека во атмосферата на Јупитер живеат организми слични на планктоните, на кои не би им било потребно цврсто тло за да преживеат, а со тој тип на живи организми се согласува и тимот истражувачи, кои сметаат дека истите би можеле да преживеат и се развиваат и во атмосферата на кафените џуџиња, живеејќи помеѓу врелите гасови во долните делови на атмосферата, и смрзнувачки студените горни слоеви поблиску до вселената.

Според претходни истражувања, научниците сметаат дека голем дел од хемиските состојки потребни за живот (како јаглеродот, водородот, азотот и кислородот) веќе се присутни кај кафените џуџиња, а во поглед на температурата, пак, кај WISE 0855-0714 таа најверојатно е слична со онаа на Земјата.

Многумина научници шпекулираат за начинот на кој такви микроби воопшто завршиле во атмосферата на кафените џуџиња, а некои од можните начини се дека тие резултирале разни хемиски реакции, или биле пренесени од некој астероид кој поминувал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...