План за контактирање со најблиската егзопланета

Научниците се спремаат да испратат сигнал до Proxima b – наблиската егзопланета слична на Земјата во нашиот Сончев систем.

Тимот подготвува план да направи или купи моќен предавател чиј сигнал би допрел до длабочините на Вселената и размислува која да биде пораката што ќе се прати.

Даглас Вакоч, претседателот на METI (организација за испраќање пораки на вонземска интелигенција), вели дека нивнот план е сличен како на старата мисија на NASA наречена „Проект Киклоп“, која во 1970-тите била откажана поради недостаток на финансиски средства.

“Проектот Киклоп“ се состоел од создавање на мрежа од радио телескопи на Земјата кои заеднички би испратиле сигнал до 1000 светлосни години далечина, а амбициите на METI се слични. Тие планираат да организираат серија работилници и crowdfunding проекти со цел да се соберат околу 1 милион долари годишно за функционирање на предавателот.

До 2018, тимот сака веќе да има испратено радио сигнали преку ласер кон Proxima b, која орбитира околу Proxima Centauri – најблиската ѕвезда до нашиот Сончев систем, на околу 4.25 светлосни години далечина.

Дел од работата на METI ќе биде да се склопи пораката, и да се земе в предвид можноста дека и други форми на живот имаат развиено исти или слични математички закони и научни хипотези како нашите.

Но, не сите се согласуваат дека емитување на нашето постоење е добра идеја – Стивен Хокинг, на пример, има изјавено дека тоа е ризично и дека обидот за комуникација со цивилизација која најверојатно е далеку понапредна од нашата може да има лоши последици за нас – бидејќи некоја развиена животна форма за нас може да го има истото мислење какво што ние го имаме за бактериите.

И покрај ова, експертите од METI се убедени дека придобивките од посегнувањето во вселената и учењето каде е нашето место во Универзумот, ги надминуваат ризиците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...