Дали постои мистериозната „планета 9“?

„Залутаните планети“ се прилично необични – тие постојат надвор од ѕвездените системи, па дури и ако се дел од некој таков систем, можат да се одвојат од него и да патуваат самите низ Вселената.

Сега, истражувачите Џејмс Веспер и Пол Мејсон од државниот универзитет од Њу Мексико, сметаат дека има една таква планета во близината на нашиот систем.

Мистериозната „планета 9“ за која од пред 2 години се појавија претпоставките за нејзино постоење, би можела да биде една од залутаните планети кои се „заробени“ од нашиот Сончев систем. За планетата се знае многу малку, освен дека постои можност да се наоѓа после Плутон, во областа наречена Куиперов појас, според забележаните гравитациски модели.

Веспер и Мејсон направиле 156 компјутерски симулации за тоа како ваквите планети би можеле да бидат во интеракција со нашиот Сончев систем, со претпоставка дека една таква планета би била како планетата 9, скоро 10 пати поголема во Земјата. Нивните тестови покажале дека залутаните планети би можеле да се сретнат со нашиот Сончев систем 60% од случаите, притоа влегувајќи и излегувајќи од него, додека во 40% случаи планетата би можела да биде „заробена“ од гравитацијата на Сонцето и да остане на работ на нашиот систем. Кога тоа би се случило, една таква планета би орбитирала околу него на истата далечина на која што се шпекулира дека се наоѓа планетата 9, што е околу 1000AU (Земјата се наоѓа на 1AU).

Сето ова се само претпоставки, но да се надеваме дека со подобрената технологија како што е James Webb вселенскиот телескоп кој треба да биде лансиран во 2018-та ќе има можност дефинитивно да се потврди (или отфрли) претпоставката за постоењето на оваа нова планета.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...