Резултати од NASA експериментот врз близнаци

Во 2015 и 2016, NASA спроведе уникатен експеримент врз астронаути близнаци, каде што едниот бил набљудуван додека бил во вселената, додека другиот истовремено бил набљудуван на земјата. Сега се објавени првичните резултати од оваа студија.

Експериментот ги вклучувал астронаутите Скот Кели и неговиот брат Марк, поранешен астронаут. Скот поминал една година во Интернационалната Вселенска Станица (ISS) – таму бил помеѓу март 2015 и март 2016, за кое време и врз двајцата биле вршени тестови за да се споредат нивните меѓусебни генетичките разлики.

Една од поважните причини за оваа студија било да се види како долготрајниот престој во вселената влијае на човечкото тело, бидејќи тоа ќе биде од круцијална важност за идните долготрајни мисии, како што се оние кои ќе вклучуваат пат до Марс.

Прелиминарните резултати кои биле презентирани на 26 јануари покажале дека теломерите во телото на Скот израснале подолги отколку оние на неговиот брат, што било изненадување за научниците кои го очекувале спротивното.

Инаку, теломери се „капачиња“ на рабовите на хромозомите кои го заштитуваат работ од распаѓање или од фузија со соседните хромозоми.

Нивната должина се вратила на нормала откога тој се вратил на Земјата, а причината за тоа сè уште е непозната – таа се испитува во посебна студија која треба да истражи што се случило, и треба да е комплетирана во 2018-та.

Промени биле забележани и во ДНК-то на близнаците, микробиомите во нивните стомаци и сл.

Првите официјални рецензирани документи од оваа студија ќе се појават при крајот на оваа, или почетокот на наредната година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...