Што ако можеме да ја земаме соларната енергија директно од Вселената?

Откога е создадена, соларната енергија има значителни ограничувања како обновлива енергија – функционира само додека свети Сонцето.

Тоа ги ограничува регионите каде соларните панели можат ефективно да се користат, а дури и во најдобар случај, тие се користат само половина од денот.

Повеќе од една декада истражувачите од NASA и Пентагон работат на изнаоѓање начин соларните панели да ги надминат овие потешкотии, а досега дошле до неколку возможни решенија.

Имало предлози за правење на атмосферски панели, кои би биле во вид на полиња составени од огледала кои рефлектираат светлина, поставени на вселенско летало кое би се движело над Земјата и преку микробранов емитер би ја испраќало насобраната енергија кон Земјата, па дури биле пронајдени и начини тие бранови да се модулираат за да се заштитат птици или авиони кои би им го пресекувале патот.

Енергијата од овие вселенски базирани соларни панели не би била лимитирана од облаците, атмосферата или ноќниот период и би била континуирано апсорбирана, така што не би имало потреба од нејзино складирање за подоцнежна употреба – што е процес кој инаку чини колку 50% од складираната енергија.

Иако има многу противници на оваа енергетска стратегија (како Елон Маск) кои сметаат дека финансиите кои треба да се вложат за вакво нешто да се реализира се преголеми и целата работа е неисплатлива, некои индивидуи сметаат дека тоа е сосема изводливо.

Еден од нив е Пол Јафе, инженер за вселенски летала од истражувачката лабораторија на морнарицата на САД. Тој презентирал план за имплементирање на вселенски базирани соларни панели, за кој добил неколку награди. Планот се состоел од орбитална централа способна да напојува над 150 000 домови во наредните 10 години, а цената за нејзина изработка би била 10 билиони долари – инвестиција која би се исплатела на долги патеки.

Тој не е единствениот со ваква визија. Јапонија и Кина имаат планови за лансирање на нивни вселенски соларни станици во наредните 25 до 30 години, а во САД постои приватна компанија Solaren Corp. која собира пари за дизајнирање и демонстрирање на ваков сличен проект.

Важно е некој од овие проекти да се остварат бидејќи се предвидува дека енергетската потрошувачка во светот ќе порасне за околу 50% помеѓу 2012 и 2040-та.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...