Со нова технологија до најсветлата ѕвезда за 69 години?

Доколку низ галаксијата се испрати нано-вселенско летало напојувано од фотони, кое ќе патува со фракција од брзината на светлината, потребно е да се има начин како да се забави откога ќе пристигне на посакуваната дестинација.

Ваквите проблеми тежат на умовите на некои од нај амбициозните астрофизичари, кои се трудат да изнајдат начин како да се остварат проекти како „ Breakthrough Starshot”, кој беше најавен минатата година, а чиј концепт беше да се користат ласери од површината на Земјата за да се „подтурнува“ летало со големина на поштенска марка кон Алфа Кентаур, најблискиот ѕвезден систем до Земјата, лоцирана на 4.37 светлосни години од неа.

Но, додека тоа е најблизок ѕвезден систем, астрофизичарот Рене Хелер од Макс Планк Институтот за истражување на соларни системи во Германија, смета дека тоа патување ќе биде пребавно.

Хелер и неговиот тим сугерираат дека подобра дестинација е Сириус – најсветлата ѕвезда на ноќното небо гледано од Земјата, до која патот би бил пократок, иако се наоѓа на скоро двојна далечина од Алфа Кентаур – скоро 8.6 светлосни години од Земјата.

Како тогаш патот може да е побрз? Одговорот лежи во разните хипотези во врска со тоа како може да се поттурнува и забавува малечкото ( и хипотетичко) летало.

За време на патот до Алфа Кентаур, тоа би патувало со брзини до 20% од брзината на светлината, така што патот би траел 20 години. Но проблемот е дека при таа брзина, леталото ќе биде невозможно да се забави откога ќе пристигне на целта. Со други зборови, дури и доколку тоа го преживее летот до таму, мисијата ќе биде само со прелетување покрај системот, пред да исчезне во празнината на вселената.

Затоа, Хелер и тимот истражувачи предлагаат користење на друг тип на летало, кое наместо да биде подтурнувано од ласери, тоа би имало соларно едро кое би ги фаќало фотоните од Сонцето со кои леталото би се напојувало.

Тогаш, откога ќе пристигне на дестинацијата, едрото би се отворило за да ја фаќа радијацијата од Алфа Кентаур, со што би добило на сила за „кочење“.

За жал, на овој начин патот би траел околу 140 години, за да леталото се смести во орбита околу ѕвездата Проксима Кентаур (дел од Алфа Кентаур ѕведениот систем). Тоа би значело дека посетата би било невозможно да се одвива во животниот век на истражувачите кои ќе го лансираат.

Сега, Хелер и неговиот тим ја ревидирале својата хипотеза во нова студија, и предлагаат таквото летало да се испрати до Сириус, ѕвезда која е 16 пати посветла од Алфа Кентаур, бидејќи патот до неа според нивните пресметки би траел околу 69 години.

За да се оствари, концептот побарува екстремно тенко едро за да леталото би можело да постигне макар и мала фракција од брзината на светлината. Тоа ќе треба да е многу лесно, цврсто, отпорно на големи температурни разлики, исклучително рефлективно, и да може да се протега на површина од неколку стотици квадратни метри. Доколку ова стане реалност, меѓуѕвездените патувања ќе бидат возможни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...