Енцелад можеби бил турнат на страна

Научниците пронашле докази дека Енцелад, месечината на Сатурн, во минатото најверојатно била турната т.е превртена настрана, како последица на удар со астероид или друг мал вселенски објект.

Користејќи податоци од Cassini мисијата на NASA која моментално орбитира околу Сатурн, истражувачите од Универзитетот Корнел во Итака, Њујорк, пронашле нешто за кое што сметаат дека се остатоци од поранешен еквадор и полови.

Ова сугерира дека месечината сега е превртена за околу 55 степени од првичната оска, што би го објаснило фактот дека двата нејзини пола денес изгледаат многу различно.

Идејата е базирана на нешто што се нарекува „true polar wander” (TPW), каде што оската на телото се поместува како што нејзината маса се преместува. Минатата година било откриено дека нешто слично му се има случено и на Марс поради неговата вулканска активност во минатото, додека кај Енцелад за тоа најверојатно е заслужен удар.

Јужниот пол на оваа месечина има серија на ленти на површината, познати како „тигарски ленти“. Се смета дека тие биле формирани од водата која истекува од пространиот океан кој се наоѓа под површината, и која на неколку наврати во млазови излегува од јужниот пол.

На северниот пол, пак, не постои таква активност, па така е многу веројатно да астероидот удрил во регионот каде што сега се појавуваат лентите. Тоа ја направило ротацијата на Енцелад нестабилна и неправилна, и предизвикало да по милиони години тој се најде во нова позиција со реориентирана оска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...