Хемикалија која потемнува секаков вид на кожа

Се работи за комплетен пакет: хемикалија која помага за ослободување на темниот пигмент во било кој вид на кожа, истовремено зголемувајќи ја природната одбрана на телото против ракот на кожа.

Новата состојка, која би функционирала заедно со некоја заштита за сонце, нуди привремено зголемување на продукцијата на меланин – пигментот кој ја дава бојата а човечката кожа, коса, и очите. Доколку се покаже ефективна во тестовите врз луѓе, би можела да стави крај на лошите вештачки тенови, и да им даде на луѓето подобра заштита кога се изложени на сонце.

Во 2006-та, Дејвид Фишер од Општата болница во Масачусетс и Универзитетот Харвард и неговите колеги откриле дека екстракт од билка наречен форсколин може да произведе тен кој што заштитува од канцер кај глувците со црвено крзно, без на него да влијае штетната UV радијација (т.е сончевата светлина).

Тоа било сериозно достигнување, бидејќи оние со црвена коса имаат варијација на MC1R генот кој не само што влијае на косата и кожата, туку и на рецептор молекулите кои се наоѓаат на површината на кожата наречени меланоцити.

Кај оние кои немаат црвена коса, овие рецептори работат со меланоцитите за да создадат пигменти од темен меланин како реакција на UV радијацијата, додека кај црвенокосите ова не се случува и кога се изложени на сонце најчесто добиваат изгореници на кожата.

Кога истражувачите аплицирале форсколин на кожата на глувците кои биле генетски модификувани да имаат црвено крзно (аналогно на црвенокосите луѓе), тоа го стимулирало производството на меланин.

Третираните глувци биле изложени на UV зраци, и кога биле споредени со нетретираните, се покажало дека тие искусиле помалку оштетување на ДНК и изгореници на кожата, а исто така имале и намалени шанси да развијат рак на кожата.

Причината за тоа е дека пигментот на темниот меланин е способен да растера повеќе од 99.9% од штетните UV зраци апсорбирани од кожата.

Но, тогаш имало еден проблем – состојката не функционирала кај луѓето, бидејќи нашата кожа е 5 пати подебела од онаа на глувците.

Сега, една декада подоцна, истражувачите пронашле решение за кое сметаат дека ќе функционира и врз луѓето – различна класа на состојки кои не само што го подобруваат пигментацискиот процес, туку и можат да „се протнат“ низ надворешните слоеви на епидермисот.

Овие малечки молекули функционираат преку инхибирање на SIK (Salt Inducible Kinase) ензимите во кожата, што е нешто како „главен прекинувач за исклучување“ на производството на меланин.

Кога силна доза од оваа нова мешавина била тестирана кај глувците со црвено крзно, ги потемнела за само неколку дена, исто како и форсколинот.

Кога била тестирана на примероци од донирана човечка кожа, резултатите биле исти и траеле по неколку дена, а по околу 2 недели бојата на кожата се вратила во нејзината првобитна состојба.

За жал, за да мешавината може да ја купиме како комерцијален продукт (кој најверојатно ќе ја банкротира индустријата за вештачки тен) ќе треба да почекаме неколку години, додека не се тестира како ќе делува врз луѓето долгорочно, и дали ќе предизвика несакани ефекти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...