Титан би можел да подржи човечка колонија со големина на САД

Кога се зборува за колонизирање на други светови, најчесто се спомнува планетата Марс. Но сега, студија покажала дека Титан, еден од сателитите на Сатурн, е исто така многу поволна опција.

Во студијата е објаснето дека Титан има оптимална позиција во Сончевиот систем за населување на луѓето од Земјата, и може да има доволно резерви на енергија за да подржува колонија со популација од околу 300 милиони луѓе, што е блиску на бројот на жители на САД.

Титан има и квалитети слични на Земјините, како и дебел слој на атмосфера која создава заштита од штетата радијација. Човечката колонија би била подржана од неколку енергетски извори – нуклеарен, хемиски, хидроенергија, ветар, па дури и соларна.

Нуклеарната енергија веќе се користи во сондите кои користат плутониум-238, кој би можел да се користи и како извор за енергија на Титан, бидејќи има полуживот од 88 години.

Големите езера од течен јаглеводород би можеле да се користат за хидроенергија, и покрај тоа што брановите на Титан се со височина од само 1 сантиметар, а тоа би се постигнало со креирање на систем кој течноста ќе ја насочува во спуст.

За да се искористи енергијата од ветрот, потребно ќе биде технологијата за тоа да се постави на поголема височина. На површината брзината на ветерот е минимална, но на височина од 40 километри таа се накачува на 20 метри во секунда.

Иако титан е 10 пати подалеку од Сонцето отколку Земјата, напредокот во технологијата на соларните ќелии ја прави и оваа опција возможна, а за да се одржува колонија со големина на популацијата на САД, 10% од површината на Титан ќе мора да биде покриена со соларни панели.

Како и да е, природните ресурси на Титан би биле доволни за создавање на енергија за идните негови посетители или колонизатори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...