Voyager сондите на NASA функционални и по 40 години

Пред 40 години, мисиите Voyager 1 и 2 го започнале патувањето од Земјата и за нивното времетраење двете сонди ги поминале наредните 2 декади патувајќи покрај Јупитер и Сатурн.

Додека Voyager 1 излегла од Сончевиот Систем, Voyager 2 прелетувала покрај Уран и Нептун, станувајќи првата и единствена сонда во историјата која ги истражувала овие два света.



Ова лето, сондите ќе ја слават 40 годишнината од нивното лансирање – на 20-ти август и 5-ти септември. И покрај долгиот пат кој го имаат поминато и нивната оддалеченост од Земјата, тие сè уште се во контакт со NASA и праќаат вредни податоци. Тоа значи дека покрај тоа што се мисии кои постигнале најголема далечина, тие се и најдолгите функционални мисии во историјата.

Нивните откритија вклучуваат откривање на првите активни вулкани надвор од Земјата (на месечината на Јупитер, Ио), првите докази за можен подповршински океан на месечината Европа, густата атмосфера околу Титан, ледените гејзери на Тритон, најголемата месечина на Нептун, и др.

Сите овие достигнувања имале исклучително значење за планетарната наука, астрономија, и вселенските истражувања, а го поплочиле патот и за идните мисии како сондите Galileo и Juno, Cassini-Hygens и New Horizons.

Она што најмногу ги дели мисиите Voyager од останатите е специјалниот товар кој што го носат – секое летало со себе носи „Златни Плочи“ со колекција од звуци, слики и пораки кои ја прераскажуваат историјата на Земјата и човештвото. Овие снимки имале за цел да претставуваат еден вид на временска капсула и/или порака до било која цивилизација која би ги погледнала и слушнала.

Моментално, Voyager 1 сондата се наоѓа на 20.9 билиони километри од Земјата и назад испраќа информации поврзани со космичките зраци – кои се околу 4 пати поретки во меѓуѕвездениот простор отколку околу Земјата. Од неа, истражувачите научиле повеќе околу хелиосферата – регионот кој ги содржи планетите од Сончевиот Систем и соларните ветрови – и кој функционира како еден вид на штит од радијација. Како што Земјиното магнетно поле не штити од соларните ветрови (кои инаку би ни ја однеле атмосферата), така хелиосферата ги заштитува планетите од атомските јадра кои патуваат со брзина блиску до онаа на светлината.

Voyager 2, пак, се наоѓа на 17.7 билиони километри од Земјата и треба да навлезе во меѓуѕвездениот простор за неколку години, а исто така испраќа информации во врска со магнетните полиња, радио брановите и плазмата од соларните ветрови.

Научниците велат дека никој од нив не ни претпоставувал кога мисиите биле лансирани пред 40 години дека по толку време сè уште би биле функционални, и дека највозбудливата работа е тоа што во наредните 5 години најверојатно со нивна помош ќе се открие нешто за кое што не ни претпоставуваме дека е таму некаде во меѓуѕвездениот простор.

Тимот кој раководи со овие две летала проценува дека тие ќе ја изгубат моќноста до 2030-та, но ќе продолжат да патуваат по планираните траектории со брзина од 50 000 км/ч.

Со таа брзина, тие ќе бидат близу до најблиската ѕвезда за некои 40 000 години, а ќе ја комплетираат орбитата околу Млечниот Пат за 225 милиони години. Тоа значи дека е сосема возможно, во далечната иднина, “Златните Плочи“ да го најдат патот до некоја интелигентна форма на живот која ќе разбере што тие претставуваат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...