Кинеската вселенска станица наскоро ќе се сруши на Земјата

Кинеската вселенска станица Tiangogn-1 се очекува да се сруши на земјата подоцна годинава.
Лансирана во 2011, таа тежи 9.4 тона и за време на нејзиниот престој во вселената била домаќин на 3 мисии, вклучувајќи ја и онаа на првите кинески женски астронаути – Лиу Јанг и Ванг Јапинг.

Никогаш не ни било планирано да функционира повеќе од 2 години, но таа продолжила да работи до 2016, кога бил исклучен сервисот за испраќање на податоци. Неколку месеци подоцна, беше објавено дека Кина ја изгубила контролата врз станицата, предвидувајќи дека нејзиниот удар со Земјата во втората половина на 2017 ќе биде безопасен.

Кинеската вселенска агенција вели дека поголем дел од станицата ќе согори во атмосферата, а остатокот најверојатно ќе слета во некој од оеканите.

Меѓутоа, Џонатан Мекдауел, астрофизичар од Харвард, вели дека ќе биде невозможно да се предвиди каде ќе падне станицата, дури и еден ден пред да почне да навлегува во земјината атмосфера – туку тоа би се знаело 6-7 часа пред падот.

За среќа, Tiangong-1 не е комплетно невидлива за нас, бидејќи нејзината траекторија се следи и сè ќе биде благовремено изорганизирано пред да почне да паѓа. Доколку сте љубопитни, можете и самите да проверите каде таа се наоѓа во секој момент, на сајтот N2YO.

Наследникот Tiangong-2 веќе е лансиран минатата година, и од скоро е укотвена со првото кинеско товарно вселенско летало.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...