Уште една „Супер Земја“ откриена на 111 светлосни години од нас

Во соѕвездието Лав во K2-18, ѕвезден систем на далечина од 111 светлосни години од нас во чиј центар е ѕвезда од типот црвено џуџе, е пронајдена уште една егзопланета која научниците ја нарекле Супер Земја.

Таа е пронајдена со HARPS (High Accuracy Radial Velocity Planet Searcher ), за време на истражувањето на веќе откриената егзопланета K2-18b.

Истражувачите пронашле „топла“ Супер Земја која ја нарекле K2-18c, со орбитален период од 9 дена и оска скоро 2.4 пати помала од онаа на K2-18b. Оваа планета не била детектирана заедно со K2-18b бидејќи иако се наоѓаат во истиот ѕвезден систем, овие две егзопланети не се на иста орбитална рамнина.

Како што откриваме сè повеќе егзопланети слични на Земјата, се поставува прашањето дали на нив постои вонземски живот и како тој би можел да изгледа.

Неодамна, научниците откриле вид на бактерии на Антарктикот кои преживуваат само со воздух. Нашето разбирање што се подразбира под жива форма и што таа форма побарува за да преживее се проширува и менува постојано. Според истражувачите кои биде дел од откритието на новата планета, кога Џејмс Веб вселенскиот телескоп ќе биде активен, со него ќе можеме да ја истражиме нејзината атмосфера за да го видиме нејзиниот состав, како и дали планетата е покриена со вода.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...