Пронајден извор на мистериозни вселенски сигнали

„Брзите рафални радио сигнали “ (Fast radio bursts/FRB) се едни од мистериите на Универзумот. Астрономите сега откриле неверојатна околина од каде потекнува еден од најпознатите и најанализираните сигнали од овој тип кои генерираат енергија колку 500 милиони Сонца, но се екстремно кратки и траат неколку милисекунди.

Повторувачките радио сигнали од FRB 121102 најверојатно се создадени во екстремна околина, како на пример од масивна црна дупка.

Повеќето вакви сигнали се појавуваат еднаш и никогаш повеќе. Тие е невозможно да се предвидат и следат, што е една од многу причини што не знаеме што ги предизвикува.

Но, FRB 121102 е исклучителен. Овие сигнали за прв пат биле детектирани во ноември 2012 и повторно во март 2016 (од истата локација), па во декември 2016 и август 2017. Ова им овозможило на истражувачите да го лоцираат нивниот извор, регион во џуџеста галаксија оддалечена повеќе од 3 милијарди светлосни години од Земјата, во која се формираат ѕвезди.

Сега, интернационален тим истражувачи уште повеќе ја прецизирал локацијата, за која сега се верува дека е неутронска ѕвезда која или е многу блиску до црна дупка, или во многу моќна небула, поради начинот на кој што радио сигналот е „извиткан“ – најверојатно поради тоа што поминува низ силни магнетни полиња.

Неутронските ѕвезди се резултат на колапс на масивни ѕвезди и се многу малечки и густи, а емитираат радио пулсеви кога ротираат. Еден вид на неутронски ѕвезди се наречени магнетари и имаат екстремно силно магнетно поле, а се смета дека изворот на FRB 121102 е токму ѕвезда од овој вид.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...