Како идните астронаути би ја преживувале вселенската радијација?

NASA и останатите вселенски агенции темелно ги тренираат, опремуваат и подготвуваат нивните астронаути за вселенски летови, но една област сè уште не е доволно разгледана бидејќи до скоро, долгорочните престои во Вселената не биле неизбежни како тоа што е сега.

Астронаутите се соочуваат со многу здравствени ризици од кои изложеноста на радијација е најопасниот со кој би биле соочени на долгите патувања. Доколку не се пронајде начин како тоа да се спречи (или изложеноста да се намали на нивоа кои можат да се преживеат), шансите некогаш да се преселиме на Марс би биле драстично намалени, па и невозможни.

Во обид да го промовираат истражувањето во оваа област, интернационален тим од истражувачкиот центар Амес на NASA се решил да состави студија која претставува еден вид на патоказ кој го нарекле „човечка радиорезистентност“.

Во неа се објаснуваат разни начини со кои луѓето подобро би се подготвиле да ја издржат вселенската радијација. Покрај ефектите кои веднаш се појавуваат (како акутната радијациска болест), изложеноста на радијација исто така го зголемува ризикот на астронаутите од неколку видови канцер, генетски мутации, оштетување на нервниот систем, и катаракта.

Надежта на тимот од NASA лежи во тоа дека со употребата на она што модерната наука може да го понуди во врска со генетското модификување, одбирање на индивидуи кои се генетски предиспонирани за радиопротекција, генетската терапија, па дури и криопрезервацијата и био-банките, би можеле да се создадат астронаути кои би биле опремени со радиорезистентност, можеби и на биолошко ниво.

Покрај истражувањето на сите овие можности, целта на студијата е да се пренесе важноста од инвестирањето во истражувањата од полето на радиобиологијата, биогеронтологијата, регенеративната медицина и вештачката интелигенција, за таквите решенија би можеле да се остварат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...