Плутон можеби е направен од милиони комети

Иако Плутон веќе не е категоризиран како планета, сè уште е фасцинантен. Со истражување на неговата хемиска композиција, истражувачите дошле до нова идеја поврзана со неговото формирање – дека е направен од комети.

Според сегашниот научно признаен метод, планетите се формираат со постепено зголемување на помали објекти, а бидејќи Плутон се наоѓа веднаш до Куперовиот појас од астеродиди, се сметало дека се формирал на тој начин.



Но, помеѓу Плутон и кометата 67P/Churyumov-Gerasimenko има многу сличности за кои научниците од SwRI (Југозападниот истражувачки институт) веруваат дека не се случајни – конкретно, ледот богат со азот.

Благодарејќи на сондите New Horizons и Rosetta испратени да ја студираат кометата 67P, имаме мноштво податоци поврзани со Плутон и кометите.

Бил развиен космохемиски модел на формирањето на Плутон наречен „гигантска комета“, при што била пронајдена интригантна конзистентност помеѓу проценетото ниво на азот во глечерот на Плутон и кометата 67P – кое би било очекувано доколку Плутон би бил формиран од агломерација (групирање) на околу билион комети или останати објекти од Куперовиот појас со слична хемиска композиција.

Азотот на Плутон е сличен на метанот на Титан, или водата на Земјата, во смисол дека е одговорен за оформувањето на површината на планетата. Поради ниската вискозност на површинските температури на Плутон, азотот може да се движи како глечерите на Земјата – еродирајќи ги карпите и менувајќи ја формата на површината.



Земјината атмосфера содржи околу 78% азот, а на Плутон околу 98% што е невообичаено високо.

Тие сега сметаат дека иницијалниот хемиски состав на Плутон наследен од градбените блокови на кометите бил хемиски модификуван од течната вода, па дури и од океан под неговата површина.

Возможно е и дека јаглеродот моноксид кој недостасува кај кометарниот модел е заробен т.е замрзнат под површината на Плутон.

Сето ова е хипотетичко, но може да се покаже и како вистинито со понатамошни хемиски анализирања на вселенските објекти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...