За прв пат забележана црна дупка која јаде ѕвезда

Астрономите конечно забележале формирање и ширење на брзо движечки млаз од материјал исфрлен од црна дупка, произлезен од процесот кога нејзината гравитација грабнува ѕвезда и ја распарчува.



Овој настан бил набљудуван со специјализирани телескопи вперени во пар галаксии кои се судираат наречени Arp 299, на далечина од скоро 150 милиони светлосни години од Земјата. Во центарот на едната од овие галаксии, една ѕвезда двојно поголема од Сонцето се приближила преблизу до црна дупка повеќе од 20 милиони пати поголема од нашето Сонце и била распарчена, исфрлувајќи млаз од материјал низ Универзумот.

Токму тој млаз бил забележан од астрономите од астрофизичкиот институт на Андалузија во Гранада, Шпанија.

Повеќето галаксии во својот центар имаат супермасивни црни дупки, но најчесто тие се тивки и не уништуваат ништо околу нив.

Истражувачите првенствено ги имале вперено телескопите кон оваа ѕвезда како дел од потрагата за Супернова експлозии во ваквите парови од галаксии кои се судираат, а за млазот во почетокот сметале дека е една токму таква експлозија. Но, кога забележале дека тој се шири, било потврдено дека неговото потекло е од ѕвезда која била уништена од црната дупка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...