Наскоро ќе се збогуваме со Кеплер – најдобриот „ловец“ на планети на NASA

Телескопот Кеплер има значителен придонес за нашето знаење во врска со планетите надвор од Сончевиот Систем, но неговата мисија се ближи кон крајот.

Минатата недела NASA објавија дека леталото е ставено во хибернација, бидејќи неговите резерви на гориво биле многу мали.



Неговата последна опсервациска кампања (18-та по ред) била насочена кон ѕвездите од соѕвездието „Рак“ во потрага по нови планети кои ги открива со набљудување на промената на светлината на ѕвездите, предизвикана од орбитирачките планети кои поминуваат пред нив.

Во моментов не знаеме дали и што пронашол, бидејќи податоците се сè уште во него и не се превземени. За да ги испрати на Земјата, Кеплер ќе мора да го искористи горивото за да ги вклучи потиснувачите кои треба да ја насочат неговата антена кон нашата планета.

Тоа ќе се случи на 2-ри август, а до тогаш леталото нема да користи гориво за да има доволно за да ги испрати податоците. Доколку маневарот и нивното преземање се успешни, тимот истражувачи на 6-ти август ќе ја започне 19-тата опсервациска кампања со преостанатото гориво.

Досега, овој телескоп пронашол околу 2300 потврдени егзопланети, со илјадници други кандидати.

Позициониран на 151 милиони километри од Земјата, Кеплер не може да се надополни со гориво, така што кога тоа ќе го снема, ќе мора да се простиме од оваа пионерска мисија.

Тој ќе биде наследен од TESS, кој треба да биде лансиран во април.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...