Месечевите кратери можеби кријат големи резерви мраз

Месечевите кратери скриени во темнината блиску половите можеби кријат големи резерви мраз кои се неверојатно драгоцен ресурс во Вселената.

Ова тврдење е резултат на студија направена од истражувачи кои анализирале податоци од американски и индиски лунарни вселенски летала кои ги споредиле со компјутерски симулации како површинскиот лед може да им изгледа на овие роботи.



Нивниот компјутерски модел детектирал стотици локации на Месечината каде ледот се наоѓа директно на, или блиску до површината – што воопшто не ги изненадило истражувачите.

Лесли Герч, геолошки и рударски инженер од универзитетот за наука и технологија во Мисури, вели дека оваа теорија се разгледува уште одамна и доколку е точна тоа би значело дека овие локации би биле одлични за ископување на депозитите лед на Месечината.

Оваа вода не би се користела само за пиење за астронаутите, туку би можела да се подели на атоми – водород и кислород – и да се прави гориво за ракетните мотори, што би отворило сосема нова ера во вселенските истражувања, поточно прв чекор во изградба на вселенска економија.



Сега засега човештвото сè уште не е подготвено за да почне да копа на Месечината, а уште помалку да доминира со Сончевиот Систем.

Новата студија сугерира дека околу 3,5% од лунарните студени „замки“ каде ледот е заробен можеби имаат лед експониран на површината, но сè уште нема проценки за длабочината на овие ледени депозити.

За да се дознае повеќе, потребно ќе биде да се испратат неколку ровери кои би ги истражувале овие региони близу половите и кои би ја дупчеле површината за да одредат до која длабочина одат депозитите. Роверите би можеле да го одредат и квалитетот на ледот, кој доколку е чист би било релативно лесно да се екстрахира. Но доколку е измешан со лунарната почва (наречена реголит), тоа би ја отежнало екстракцијата.

Многу истражувачи ги сметаат астероидите и кометите како уште една опција за дупчење, но тие се многу подалеку од нас и се во постојано движење, па така дупчењето на Месечината има многу повеќе смисла, а би било и поевтино – дури би можело да се одвива и контролирано од далечина (т.е од Земјата).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...