Црните дупки можат повторно да ги активираат мртвите ѕвезди

Нова теорија сугерира дека можеби е возможно одредени црни дупки повторно да ги активираат мртвите ѕвезди кои би „оживеале“ барем на неколку секунди.



Студијатa водена од Др. Крис Фраџил од Чарлстон колеџот во Јужна Каролина истражувала каква интеракција имале црните дупки со средна маса со одредени објекти како белите џуџиња – мртвите ѕвезди кај кои веќе нема нуклеарна фузија.

Резултатите покажале дека доколку бело џуџе помине во внатрешноста на радиусот на брановите на црна дупка со 1000 до 10 000 пати поголема маса од онаа на Сонцето, нуклеарната фузија кај нив може повторно да се активира и да трае неколку секунди.

Овој процес би предизвикал белото џуџе да биде истовремено растегнато и компресирано во спротивни насоки, и да создаде големи изливи на електромагнетизам кои можат да се забележат тука на Земјата, како и сигнали од гравитациски бранови.

Користејќи компјутерски симулации, било откриено дека нуклеарното согорување на овој начин е вообичаена појава кај овие настани, а шансите истото да се случи зависи од близината на белото џуџе во однос на црната дупка. Доколку тоа е подалеку од неа се создава повеќе калциум, додека кога е поблиску се создава повеќе железо.

Според научниците, важно е да знаеме колку црни дупки со средна маса постојат, бидејќи тоа ќе ни помогне да го добиеме одговорот на прашањето од каде доаѓаат супермасивните црни дупки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...