Развиена масивна мрежа за фаќање вселенски отпад

Се проценува дека над Земјата има 7500 тони нефункционални сателити, делови од ракети и останат вселенски отпад.



Сега се прават напори сето тоа да се исчисти, а еден од нив е проектот RemoveDEBRIS (отстранувач на отпадок). Во април, тим од Surrey Space Centre (SCC) го испратил овој сателит на Интернационалната вселенска станица (ISS) со SpaceX Dragon ракетата, а сега тој бил лансиран од ISS да демонстрира една од неколкуте технологии за отстранување на отпадот.

За потребите на оваа демонстрација, сателитот исфрлил објект со големина на кутија за чевли кој служел како негова цел, а потоа кон него исфрлил мрежа налик на пајажина која ја обвиткува кутијата.

Во финалната верзија на оваа технологија, мрежата ќе остане прикачена за RemoveDEBRIS сателитот за да може да го трга отпадот кога ќе се спушта кон Земјата на крајот на мисијата.

Бидејќи се работело само за демонстрација, и кутијата и мрежата едноставно ќе согорат во Земјината атмосфера во следните неколку месеци.

Во 2019-та, RemoveDEBRIS сателитот ќе демонстрира уште една технологија – харпун кој навлегува во вселенскиот отпад.

Руски научници, пак, развиваат гигантски вселенски ласер кој треба да го уништува отпадот, додека NASА работат на голем рамен „чаршав“ чија цел ќе биде да го обвитка отпадот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...