Сега може да се купи вештачка марсовска почва

Кога станува збор за потенцијално започнување на редовни мисии со екипаж кон Марс или градење на постојана база таму, астронаутите и потенцијалните доселеници ќе мораат да знаат како да функционираат со нивното ново опкружување.

За да дознаат дали е возможно да се растат разни култури во марсовската почва, тим астрофизичари од универзитетот во централна Флорица (UCF) развиле научна стандардизирана метода за креирање на симуланти на марсовска и астероидна почва.

Имитацијата на марсовската почва чини $20 за килограм и на истражувачите ќе им помогне да одредат што сè е потребно за растење на разни култури на црвената планета.

Досега не постоела стандардизирана метода за ова, па така не биле правени експерименти кои би можеле да се компарираат со други експерименти. Вештачката марсовска почва била базирана на хемискиот состав на примероците почва собрани од Curiosity роверот.

Секоја почва во себе има многу состојки (силика, прашина, оксиди, органски молекули) кои можат да се мешаат на разни начини за да се симулира почва од разни видови објекти – како што се астероидите или планетите.



Како и на Земјата и на Марс има разни видови почва во зависност од регионот и неговата геолошка историја. На Земјата, на пример, има црн песок, бел песок, глина и сл. – сите создадени од разни геолошки процеси и временски услови.

На Марс ситуацијата е слична, со почва богата со железо, глина, сол, или јаглерод.

Моментално, истиот тим работи на „рецепт“ за симулант на почва од Месечината, бидејќи ваквите материјали се ретки и скапи поради тоа што само мал број примероци се донесени назад на Земјата од астронаутите од мисијата Apollo, покрај оние кои до нас дошле преку метеоритите.

Тие веќе имаат околу 30 нарачки за марсовската почва, од која онаа на Вселенскиот центар Кенеди на NASA изнесува 450 килограми.

Истражувачкиот тим верува дека нивниот стандардизиран рецепт за креирање на вонземски почви ќе ја забрза желбата за истражување на нашиот Сончев Систем не само на NASA, туку и на приватните компании како SpaceX, Blue Origin и MarsOne, кои сите планираат да го истражуваат па дури и колонизираат Марс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...