Нови детали за планот на NASA да се врати на Месечината

Од NASA откриле нови детали во врска со нивниот нов план повторно да испрати луѓе на Месечината во наредната декада.

На настан одржан во нивниот штаб во Вашингтон, тие објавиле дека одбрале 9 американски компании на кои ќе им биде понудено да ја изготват мисијата за враќање на Месечината, која би вклучувала лансирање на ракета со различен товар од Земјата и слетување на површината на нашиот сателит.



Меѓу овие компании се Astrobotic Technology, кои се надеваат дека во 2019-та на Месечината ќе испратат нивен ровер и Firefly Aerospace, кои работат на малечка ракета за лансирање во Вселената.

Од NASA се надеваат дека ќе изградат вселенска станица блиску до Месечината наречена DSG – Deep Space Gateway, која би требало да ја замени ISS -Интернационалната Вселенска Станица во наредната декада.

Секоја од овие 9 компании во следните 10 години ќе биде подобна за финансирање од фондот кој ќе располага со 2.6 милијарди долари, но не е познато колкав дел ќе и припадне на секоја.



Првата мисија која е дел од ова финансирање би можела да се случи уште во 2019-та, иако пореалистично е дека тоа ќе биде во 2020-та, а сè уште не е познато што NASA планираат да лансираат.

Според NASA, овие рани мисии ќе овозможат важно демонстрирање на технологијата која ќе се употребува во идните мисии потребни за луѓето повторно да се вратат на површината на Месечината, како и да ја припремат агенцијата за испраќање на астронаути кои би го истражувале Марс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...