Колкав вселенски брод ни треба за да започнеме живот во најблискиот ѕвезден систем?

Со конвенционалните методи, за да стигнеме до најблискиот ѕвезден систем Алфа Кентаур би ни требале од 19 000 до 81 000 години.

Поради оваа причина, многу теоретичари сметаат дека човештвото треба да користи т.н „генерациски бродови“ за да истото се шири низ разните ѕвездени системи.



Еден таков проект би се соочил со многу предизвици, од кои едниот е колкаво треба да биде леталото за на него да може да опстане мулти-генерациски екипаж.

Во една нова студија водена од Фредерик Марин од астрономската опсерваторија во Стразбур и Камил Белуфи, физичар од научната стартап компанија Casc4de, интернационални научници го поставиле токму ова прашање за да одредат колкав простор би бил потребен за тоа.

Тоа било пресметано со специјално создаден софтвер од самиот Марин, со името HERITAGE („наследство“)

За потребите на анализата, било одредено дека за да се оствари мулти-генерациска мисија до друг ѕвезден систем се потребни минимум 98 луѓе, без да има ризик од генетски пореметувања и останати негативни ефекти поврзани со имањето односи со роднини.

Потоа, било заклучено дека на бродот би морало да постои можност за растење на храна, бидејќи на било која друга храна која би се пренесувала по одредено време би и поминал рокот на траење.

Во предвид биле земени и калориските потреби на екипажот за да се пресмета колку храна би било потребно да се создаде во текот на секоја година, а во пресметките на симулациите биле вклучени и антропоморфните податоци за да се одреди колку калории би се консумирале според староста, тежината, висината, нивото на активност и останатите медицински податоци на патниците.

Според тоа, големината на бродот, продукцијата на храна и бројот на жители на него се суштински поврзани.

Крајните резултати покажале дека за релативно голем екипаж (од 500 луѓе) кои би се хранеле со балансирана исхрана која би била растена на самиот брод, неговата големина би требало да биде минимум 224 метри (радиус), а 320 метри должина. Бидејќи ќе бидат потребни и останати простории освен оние за растење на храна, како што се контролните соби, генераторите за електрицитет, мотори и слично, таа големина би се дуплирала.

Дури и една толку голема структура би била помала од сегашната највисока зграда во светот – Бурџ Халифа (висока 828 метри).

Оваа студија  дава увид во вистинската можност за креирање на вакви генерациски бродови, а нема сомнеж дека за меѓуѕвездена мисија би ни била потребна масовна посветеност во однос на времето, енергијата и ресурсите потребни за еден таков проект.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...