Откриено мистериозното потекло на Јупитер

Со години астрономите дебатираат дали Јупитер се формирал на сегашната оддалеченост од Сонцето или пристигнал од некаде далеку пред да биде „заробен“ од Сонцето. Одговорот на ова прашање ќе одреди како ќе ги предвидуваме повеќето други аспекти на формирањето на нашиот планетарен систем, но и на другите.



Сега, шведски тим астрономи смета дека го има одговорот, овозможен од една интересна карактеристика на фамилија на мали астероиди.

Во орбитата 60 степени пред и зад Јупитер се наоѓаат Лангранџиските точки, области кои се состојат од илјадници астероиди колективно познати како Тројанци, кои имаат добиено имиња на војници од Тројанската војна и кои дел се доволно големи за да овозможуваат моќно гравитациско влечење.

Вообичаено, пред и зад голема планета би требало да има скоро еднаков број на астероиди во Ланграџиска точка, но кај Јупитер има 50% повеќе Тројанци пред отколку зад него – нешто што досега научниците не успеале да го објаснат.



Студентот Симона Пирани од универзитетот Лунд пресметала дека кога планетите се движат кон нивната матична ѕвезда креираат сила на влечење која води кон заробување на повеќе астероиди во предната Лангранџиска точка, отколку во задната.

Пирани и нејзиниот тим во студијата објасниле само едно сценарио кое креира ситуација која ја гледаме кај Јупитер. Tој се формирал 3-4 пати подалеку од каде што се наоѓа сега, помеѓу местото каде што сега се наоѓаат Уран и Нептун, а почнал да ја менува позицијата 2-3 милиони години подоцна. Патот до кај што е сега траел 700 000 години, за кој период Јупитер бил составен исклучиво само од неговото јадро, а подоцна се создала и гасовитата обвивка.



Според Пирани, порано постоеле многу повеќе Тројанци отколку денес и на двете локации, а потврда за оваа теорија дошла од карактеристиките на астероидите Хилда – помала група астероиди кои орбитираат околу Сонцето три пати за секои две орбити на Јупитер.

Било која планета која се наоѓала на патот на Јупитер била уништена или силно исфрлена од нејзината орбита. Од друга страна пак, Сатурн, Уран и Нептун го „следеле“ Јупитер, одржувајќи конзистентна оддалеченост од Сонцето. За наша среќа, миграцијата сопрела пред да ја уништи (или исфрли од орбита) Земјата во процесот на приближување кон Сонцето

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...