Што би се случило при потенцијално катастрофален удар на астероид?

2019 PDC е комплетно хипотетичка апокалипса која би се случила доколку во Земјата удри астероид.

NASA, FEMA (Федерална агенција за управување со вонредни состојби) и интернационални партнери меѓу кои и ESA (Европската вселенска агенција) спроведуваат вежба со која се симулира како во реално време би изгледало справувањето со една таква планетарна опасност.



NASA вакви симулации изведува со години, поради што во 2016-та е формирана и нова канцеларија за координација за планетарна одбрана (PDCO) со чија помош оваа недела ќе се спроведуваат вежбите.

Во сценариото 2019 PDC, астероидот е забележан на 26 март 2019-та, за кој се проценува дека со големина од околу 300 метри. Понатамошни анализи откриваат дека датумот кога тој ќе удри во Земјата најверојатно ќе биде 29-ти април 2027 – 8 години од дента кога е забележан, а проценетиот ризичен коридор (означен со црвена линија) се локациите во кои што тој може да удри.

Таа линија поминува низ средината на САД како и делови од Африка, а последните информации сугерираат дека 2019-та PDC има околу 1% шанси да удри во Земјата.



Симулацијата која веќе е започната ќе трае една недела, а од NASA, FEMA, ESA и другите институции ќе се добиваат дневни извештаи за траекторијата на астероидот.

Како дел од вежбата, партиципантите ќе дискутираат за можностите на дефлексија на астероидот, собирањето финансии за справување со ситуацијата, начините на менаџирање на реакцијата на јавноста за потенцијалната апокалипса која би се случила за 8 години, како и креирање на планови за овозможуваат помош пред и по катастрофата.

За прв пат за време на овие вежби јавноста ќе може во реално време да ја следи ситуацијата преку твитер профилот на ESA @esaoperations, како и на нивниот блог.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...