Откриен планетарен систем кој е во фаза на раѓање

Со помош на два моќни телескопи на Хаваи, астрономите снимиле планетарем систем кој е во фаза на раѓање, а во кој претходно биле детектирани 3 планети кои сега навидум веќе не постоеле.



Ѕвездата околу која се создаваат планетите е наречена LkCa 15 и се наоѓа на 472 светлосни години далечина од нас, а тоа што трите планети сега не биле видливи не значи и дека истите не постојат.

Познато е дека кога ѕвездите се „тазе“ формирани, околу нив орбитира диск од вселенска прашина, карпи и гасови, а планетарната акцесија се случува кога честичките од тој диск се судираат едни со други, постепено станувајќи сè повеќе гравитациски посилни, прибирајќи сè повеќе материјал додека не се формира планета.



Тим други астрономи претходно детектирале нешто што го сметале како доказ за постоење на 3 „супер-Јупитер“ планети во орбита околу LkCA 15 со техника која ја издвојувала светлината од планетите од светлината од ѕвездата, меѓутоа сега се испоставило дека планетарната светлина доаѓала од самиот диск.

Анализата и споредбата на податоците од двата телескопи на Хаваи покажала дека потеклото на светлината е од работ на дискот кој има ист интензитет на осветлување кој претходно се припишувал на протопланетите, што не значи дека тие не постојат – тимот астрономи смета дека постојат, но најверојатно се многу помалечки и побледи од она што можеме да го детектираме и дека имаат големина на Јупитер или Сатурн.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Која е најголемата навреда во Шкотска?
- Ќе ми платиш ти за тоа!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1556.- Во Рим свечено е осветено грандиозната...
1606.- Роден е Харменсон ван Рајн Рембрант,...
1904.- Во Бадевалер умре Антон Павлович Чехов,...
1944.- Во Штип бугарските фашисти ја убија Вера...